Автомобил „Мерцедес“ со дебарски регистерски таблички вчера попладне се запалил во движење на регионалниот пат Гостивар-Дебар. Пожарот избувнал од засега непознати причини додека се движел во правец кон Маврово, пред Бунец. Мерцедесот бил управуван од 60 годишниот Б.Ц. од Дебар, кој не е повреден. Противпожарната единица веднаш се упатила на местото на несреќата, но возилото целосно изгорело.
Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, по што автомобилот бил отстранет од коловозот. Увидот треба да покаже кои се причините за избувнување на пожарот во моторот на автомобилот, а според неофицијални информации се работи за неисправна инсталација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.