Хрватскиот кантавтор Борис Новковиќ веќе два месеци е во врска со 28-годишната Инес Катиќ, политиколог од Задар, пишува „Стори“.
За нивната врска знаеле само најблиските пријатели на 47-годишниот пејач, а првпат во јавност се појавиле заедно на концертот посветен на Кемал Монтено, кој пред неколку дена се одржа во концертната сала „Лисински“ во Загреб.
Новковиќ беше осум години во брак со сопругата Луција, која ја напушти кога влезе во врска со сликарката Ива Вишошевиќ. Со Луција има два сина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.