Oколу 250 милиони деца или секое деветто дете во светот, живее во земји што се зафатени со насилни конфликти, соопшти денеска организацијата УНИЦЕФ, наведувајќи дека само оваа година и се потребни речиси три милијарди долари за да помогне на најзагрозените деца во светот.
– Бројот на деца на подрачјата на кои владее хуманитарна криза во светот е во исто време и застрашувачки и освестувачки – соопшти агенцијата на ОН за заштита на децата.
УНИЦЕФ истакна дека во 2016 година ќе му требаат најмалку 2,8 милијарди долари за да им помогне на милиони деца во хуманитарни кризни ситуации ширум светот.
Агенцијата наведува дека годишните финансиски потреби за помош на децата во светот се удвоени за само три години, поради растот на бројот на конфликтите, но и на екстремните временски неприлики, што предизвикува се повеќе деца да бидат бегалци, но исто така милиони деца се изложени на недостиг од храна, насилство, болести, злоупотреба и лошо образование.
– Отприлика секое деветто дете во светот сега живее во конфликтна зона – соопшти УНИЦЕФ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.