Во СВР Велес пријавена е тешка кражба во викенд-куќа лоцирана во Карасларска Чука, атар на село Караслари, сопственост на 62-годишен жител на Велес.
Анита Стојковска портпарол на СВР Велес, денеска информира дека сторителот на 24 јануари годинава влегол во дворот од викенд куќата и со употреба на сила и работен алат насилно ја отворил влезната врата. Тој преку внатрешни скали се симнал во подрумските простории од каде што одзел околу 350 литри ракија складирана во туби, стаклени шишиња и буре, а одзел и една вреќа во која имало околу 10 килограми бакар, по што заминал во непознат правец.
Увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес, соопшти Стојковска, извршила увид и се преземаат мерки за расветлување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст