| четврток, 6 декември 2018 |

Украдени 350 литри ракија од викендица

Во СВР Велес пријавена е тешка кражба во викенд-куќа лоцирана во Карасларска Чука, атар на село Караслари, сопственост на 62-годишен жител на Велес.
 
Анита Стојковска портпарол на СВР Велес, денеска информира дека сторителот на 24 јануари годинава влегол во дворот од викенд куќата и со употреба на сила и работен алат насилно ја отворил влезната врата. Тој преку внатрешни скали се симнал во подрумските простории од каде што одзел околу 350 литри ракија складирана во туби, стаклени шишиња и буре, а  одзел  и една вреќа во која имало околу 10 килограми  бакар, по што заминал во непознат правец.
 
Увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес, соопшти Стојковска, извршила увид и се преземаат мерки за расветлување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top