Приказната за девојката што работи во фабрика за челик, а сѐ што сака да танцува, ја имаше својата премиера пред точно три децении. „Флешденс“, покрај неколкуте награди, вброи четири номинации и еден освоен „Оскар“, но најважното од сѐ, го доби епитетот „култен“ со тоа што и ден-денес ги освојува срцата на публиката.
Филмот заработи 150 милиони долари од киноблагајните, а насловната песна „What a feeling“ уште во првите две недели се продаде во неверојатни 700 илјади примероци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


