| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца гневна: Некој ме мести и шири дезинформации!

Веста дека фолк пејачката Светлана Цеца Ражантовиќ наводно би требала да настапи во Хрватска за 200 000 евра не е точна. Имено, како што се пишуваше во медиумите,  еден хрватски бизнисмен и понудил на фолк ѕвездата до сега најголем хонорар за да настапи во Загреб, а цеца за Пинк ги демантираше овие шпекулации.

Screenshot_1

-Со денови се прави атак на мојот лик и дело. Ова е уште еден во низата обиди да се извалка мојот углед и да се фрли сенка на мојата кариера. Не е вистина дека ќе пеам во Хрватска – изјавила Цеца.

ceca-moja-deca-su-preuzela-medijski-primat-745112-velika

Помеѓу другото таа изјавила и дека изминатиот период се води интензивна и срамна кампања против целото нејзино семејство.

-Ноторни лаги се пишуваат не само за мене туку и за моите деца. Што и да направат тие медиумите  веднаш пренесуваат и преувеличуваат. Моите деца стана епицентар на сите случувања. Не можам повеќе ниту да стигнам да ги избројам,а не па да ги демантирам сите лаги кои се пишуваат – изјавила револтираната  пејачка.

IMG_2756

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top