Комисијата за уставни прашања на ЕП договори ревизија на правилата за европските политички партии. Целта е да се зголеми нивната транспарентност и да се зајакне карактерот на европските избори. Одлуката на Комисијата сега треба да се најде пред Европарламентот, Европската комисија и Советот на ЕУ за да може да бидат дел од европските избори до година.
Според новопредложените правила, европските политички партии и нивните фондации треба да бидат основани според европското право за да се нема пречки поврзани со различните национални закони и да се гарантираат строги норми за транспарентност и одговорност.
Почитувањето на вредностите останува услов за поврзување на националните партии кои сакаат еден европски правен статут. Но, за да можат да претендираат на статусот европска партија, тие треба да имаат најмалку еден европратеник од своите редови. Исти се и правилата за политичките фондации, освен ако тие формално со поврзани со една воспоставена европска политичка партија.
Предлогот опфаќа и појаснување на финансиските правила. Се зголемува прагот за донации од 12.000 на 25.000 евра, а секоја донација над 1.000 евра треба да биде пријавена и јавна. Европратениците, исто така, предложија европските фондови да не се трошат за финансирање кандидати или политички кампањи на национално ниво. Од ова правило се исклучени кампањите за национални референдуми кои се однесуваат на европското законодавство.
Во случај на кршење на правата на ЕУ, според предложените правила, партијата ќе биде избришана од регистарот, а непотрошени европски средства ќе бидат одземени. За следењето на политичките партии ќе биде задолжен Европарламентот, потпомогнат од независни личности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


