| четврток, 6 декември 2018 |

Емигрант уби Швеѓанка

мигрант
Девојка што работела во бегалски центар на западот на Шведска им подлегнала на повредите откако со нож била избодена од барател на азил, соопштија шведските власти.

Полицијата тврди дека нападот се случил во центар за бегалци, а жртвата на нападот, 22-годишна Швеѓанка била префрлена в болница каде што им подлегнала на зададените повреди.

мигрант2

Полицијата одби да го соопшти идентитетот и националноста на напаѓачот, а откриено е дека се работи за младо лице на возраст од 14 до 17 години. Напаѓачот веднаш бил уапсен поради убиство.

-Ваквите случаеви зачестуваат. Имаме сѐ повеќе инциденти како што е овој откако пристигна големиот број  бегалци во нашата земја – изјави портпаролот на полицијата, Томас Фуксборг.
Националниот комесар на полицијата, Ден Елијасон побарал дополнителни 4 илјади полицајци во борбата против тероризмот, како и за депортација на мигрантите и полициско обезбедување на азилантите.

-Присилени сме да одговараме и да реагираме на големиот број инциденти во прифатилиштата за бегалците. Во некои случаеви тоа бара и големи полициски ресурси за да бидат решени проблемите. Тоа не се случуваше во претходните шест месеци и тоа значи дека нема да можеме ефикасно да одговориме во другите области – изјави Елијасон за шведската новинска агенција „ТТ“.
Шведска прими повеќе од 160 илјади баратели на азил во 2015 година. Оваа земја ги заостри своите прописи за азил со цел да излезе на крај со големиот прилив на емигранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top