Температура под нулата утрово е измерена во сите региони во Македонија. Најстудено со минус 11 Целзиусови степени било во Берово. Во Струмица и во Битола се измерени минус 5, минус 4 во Крива Паланка, Лазарополе и Пожар, минус 3 во Виница, Крушево, Тополчани, Демир Капија, Маврово, Гевгелија, Прилеп, Скопје и Тетово, минус 2 во Штип, Пожаране, Ѓуриште, Кавадарци и Претор и минус 1 Целзиусов степен во Дојран, Охрид, Куманово и во Дебар.
Снежна покривака има на Маврово 32 сантиметри, Лазарополе 24, Ѓуриште, Крушево и Пожаране 13, Берово 11, Пожар 10, Тетово 7, Битола и Штип 5, Тополччани 4, Струмица 3, Крива Паланка 1 сантиметар.
Во моментов времето е претежно облачно и тивко, во северните делови на земјава има слаб локален снег. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно, во северните делови ќе има услови за проврнување на слаб дожд и снег. Ќе дува слаб, а во Повардарието умерен северен ветер. Највисоката температура во земјава ќе се искачи од 4 до 12 степани.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за повремен слаб дожд и снег. Попладне ќе има намалување на облачноста. Температурата ќе достигне до 8 степени.
Во наредните денови ќе преовладува стабилно и потопло време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.