Според статистиката на Американското здружение на пластични хирурзи, повеќе од 290.000 жени во САД имале некаква интервенција на градите во 2013 година. Тоа значи дека постојат многу силиконски „близначки”, кои ќе привлечат внимание.
Норман Рув, познат пластичен хирург од Њујорк, ви помага да ги откриете „лажните” гради.
Блиску се поставени
Голем дел од градите имаат раздел меѓу 5 и 7 сантиметри, но имплантите можат да го намалат тоа растојание. Кога ќе се вградат силикони, во голем дел од случаите градите се подигнати, доближени една од друга.
Високо поставени
Вообичаено е градите да се наоѓаат во висина на пазувите, но лошиот хируршки зафат може да ги подигне повисоко. Тоа е очигледно кога ќе се соблечете.
Имаат тркалезна форма
Природните гради имаат облик на бисери или капки, но ако изгледаат како големи, тркалезни дињи – тоа е најверодостоен доказ дека се лажни. Затоа што, за разлика од природните гради, имплантите ги пополнуваат од врвот до дното и создаваат совршен тркалезен облик.
Лузните можат лесно да се скријат
Пластичните хирурзи користат четири точки на градите за да вметнат импланти. Најновите интервенции се вршат со вметнување преку брадавицата или со рез под пазувата. Доколку девојката со „лажни” гради ги подигне рацете, може да се забележи лузна во должина од 5 сантиметри.
Слушате ли нешто необично?
Можеби слушнете некој чуден звук во нејзиното деколте… Жените со гради од селин наместо силикон произведуваат звук на чкрипење кога градите се поместуваат при движење. Кога селинот нема да ги исполни градите докрај, се створа воздушен џеб, кој станува звучен
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.