| четврток, 6 декември 2018 |

Ристовски: Стручниот штаб мора да ги бара причините за нашиот пад во второто полувреме

borko

Македонија не го искористи последниот напад за победа над селекцијата на Норвепка на ракометното ЕП што се игра во Полска.  Одигравме нерешено против Норвешка (31-31). Македонија на 20 минути пред крајот на натпреварот, имаше 5 голови предност, но повторно следуваше нејасен пад во играта, па упорните скандинавци од Норвешка, знаеја како да го искористат тоа.

„Одигравме квалитетно прво полувреме, но како што рече и Стоилов, мора стручниот штаб да ги бара причините зошто имаме таков пад на физички план. Што се однесува до нас, беше тешко да се вратиме по оној голем пораз, но денеска покажавме срце на терен. Мислам дека ако ги тргнеме на страна последните 15 минути, одигравме квалитетен натпревар, но физички и тактички на крајот малку погрешивме. Покрај сите коментари за нас, останавме заедно и повторно одигравме добар натпревар. Покажавме со нашата игра дека може да одиграме квалитетно со најсилните репрезентации“, изјави Борко Ристовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top