Граѓаните се тие кои одлучуваат кој ќе биде власт а кој опозиција. Ова според експертската јавност е клучната порака од вчерашниот говор на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски упатена до домашната и меѓународната јавност, објави „Сител“.
–Важно е да се каже дека вчерашниот говор беше од позиција на лидер на политичка партија а не од позиција на премиер. Оттука Груевски јасно порача дека граѓаните ќе одлучат која партија ќе ја води државата по изборите на 24 април. Ова беше порака и кон домашната и кон меѓународната јавност која треба да знае кој го има финалниот збор, вели универзитетскиот професор Оливер Андонов.
Втора клучна порака од говорот на Груевски е потврдата на веќе изградената партиска позиција дека изборите мора и ќе се случат на 24 април.
-Дека ќе има избори на 24 април беше јасно кога собранието ја конснатираше оставката на Груевски, кога избра техничка влада и кога донесе одлука за одложено распуштање со важност од 24 февруари. Вчерашната порака беше само потврда дека бегање од изборите нема, вели Андонов.
Груевски во вчерашното обраќање на Годишмната конференција на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ порача дека на 24 април народот ќе си ја врати делумно одземената власт, и преку масовното гласање на изборите ќе испорача казна и одмазда за соработниците со странски служби, криминалци, фалсификатори и сеачи на ветар и магла.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шести март е Европски ден на третманот на нарушувањата на говорот и јазикот
-
Оскар 2018: Говорот на Френсис Мекдорманд кој ги натера да станат сите жени во салата (видео)
-
Иванов за АРМ: Ќе се залагам за зголемување на буџетот
-
ВМРО ДПМНЕ: Демагошки настап на Заев пред Генералното собрание на ОН, општи констатации, без понуда на решенија