| четврток, 6 декември 2018 |

Едукативна театарска претстава во скопските градинки

Децата се најголемото богатство, а нивната среќа и здравје се она за кое сите ние се трудиме да им го овозможиме. Детската насмевка едноставно и понекогаш само тоа е доволно за да ни се разубави денот.
IMG_8916
 
Неколку скопски градинки, по една од сите општини во нашиот главен град добија можност да бидат домаќини на едукативната претстава „Органската градина на фармерот Марко“. Претставата е проект на Министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство на Република Македонија, кој е во склоп на кампањата на Владата на Република Македонија за подигнување на свеста за консумација на органска храна. Оваа претстава за која владее голем интерес има за цел да им го разубави секојдневието на дечињата и притоа на интересен начин и лесен пристап да ги едуцира нашите најмили за органските производи и нивното значење.
IMG_9060
 
Актерите во претставата, Марко Новески и Бојан Бошковски, едниот во улогата на фармер, а другиот како органско јаболче, им појаснуваат на децата што значи ако јадат органско овошје и зеленчук. Фармерот Марко има за задача на интересен начин да им појасни на децата како огледува органско овошје, зеленчук, месо и млеко и дека откако тој и неговото семејство консумираат органска храна се многу поздрави. Маскотата изработена во форма на органско јаболче на децата од градинките им раскажува колку е убаво да бидеш растен и одгледуван на органски начин.
 
Органските производи се вистински хит во светот, токму поради фактот дека она што го ставаме во нашата уста е најчестата причина за нашата физичка состојба, болестите, дебелината, алергиите и расположението.
 
Република Македонија ги следи современите светски текови и органското производство во последните неколку години станува перспективен сегмент во земјоделството. За да македонските органски производи станат полесно достапни за граѓаните, но и за да се разбере вредноста на истите, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство традиционално, во соработка  го организираше 9-тиот „Ден на Органско Производство“ кој се одржа на 5-ти декември во Скопје и истиот имаше посетеност од илјадници граѓани кои се интересираа, купуваа и дегустираа органски производи.
Покрај тоа, минатата година органската храна и производителите на органски производи од Македонија беа вклучени во еден од најпосетените саеми во нашата држава, Агрофуд, каде повеќе од 10 производители ги изложија и продаваа своите производи.  
 
Целиот проект има за цел да создаде корелација помеѓу двата поима “здравје” и “органско” и користењето на органската храна ќе се разбере како потреба за здрав живот и долгорочна виталност. Кога мислиме за органско производство се мисли на специфично производство на храна, без употреба на пестициди и други хемикалии.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top