| четврток, 6 декември 2018 |

Работа од соништата: Леголенд бара работници

Сопственикот на тематските паркови „Леголенд“ Мерлин Ентертејмент бара нови 20 работници кои ќе му се придружат на тимот од 50 луѓе кои работат на изградба на Лего земјиште.

Во објавениот оглас за работа Ентертејмент бара професионален градител кој веќе има искуство во изградба на згради од лего коцки. Идниот работник мора да биде во можност да изгради цврсти, прецизни и сигурни Лего модели кои ќе се користат во парковите Леголенд кои ги има низ светот.

Исто така вработениот мора да има добри комуникациски вештини, основно познавање на работа со компјутер и способност за примање и давање конструктивна критика.

Во огласот се нагласува дека тоа не е работа за почетници и вработениот мора да има смисла за хумор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top