Неточна е информацијата дека Европскиот суд за човекови права забранил да се крштaваат бебињата. Ова е одговорот на Судот на прашањата на „Телеграф“. Веста што ја објави италијанскиот портал „Илџиомале“, а беше пренесена во медиумите, предизвика паника меѓу родителите, но и меѓу свештеници на МПЦ.
– Европскиот суд за човекови права нема донесено пресуда или одлука со таква содржина. Авторот на изворниот текст на италијански јазик не се повикува на конкретна пресуда или одлука, туку на друг автор, а оригинален текст и извор нема. Одредбите што се цитираат немаат никаква поврзаност со правата на детето. Членот 16 се однесува на ограничување на политичката активност на странци, а членот 22, пак, е поврзан со изборот на судии и одовде може да видите дека нема ниту правна основа, ниту, пак, подлога врз кој предмет тоа е напишано. Впрочем, целиот текст е во комплетна спротивност на судскиот пристап кон правата на детето – стои во одговорот што Судот го испратил до „Телеграф“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.