Крштавањето на бебиња е забрането од страна на Европскиот суд за човекови права, пишува италијанскиот портал „Илџиомале“. Според одлуката на судот, од март 2016 година крштавањето на децата ќе биде во спротивност со европските закони и ќе се смета за кривично дело.
Ова се мотивите за скандалозното решение: Крштавањето на деца го прекршува членот 16 од Европската конвенција во врска со членот 22: доенчињата, всушност, сè уште не се во можност да разбираат и да остваруваат слободна волја, туку, всушност, се во позиција да прифатат одредена вера, без да се свесни за тоа. Крштaвањето е чин што треба да биде избран свесно и не може да биде наметнат од врвот од религиозна организација (во случајот христијанството), особено во момент како овој, кога Европа се најде затрупана во куп од раси, култури и религии. Практиката на оваа света тајна е во спротивност со најдобрите интереси на детето, во согласност со членот 3 од Конвенцијата за правата на детето, ратификувана на 25 мај 1992 година. Ова право го гарантира личната слобода.
Зборовите на Судот за човекови права се многу јасни и веќе предизвикаа жестока дебата. Репортерот на „Тајмс“ Ендрју Макфарел зборува за мудар избор: Судиите во Стразбур секогаш имале клучна улога за слободна, демократска и секуларна Европа. Денес е голем ден. Кршталниот обред веќе нема да се наметнува на суштества во несознание. Така секој во зрела возраст може да се идентификува и да избере религијата или верата, која се допаѓа најмногу.
Постојат аргументи и во спротивна насока. Радиоводителот Мајкл Вол зборува за крајот на Западот: Веќе посегнуваат и на христијанството. Силното лоби во Европа што не ги зема предвид особеностите на нациите и треба да биде суспендирано решително, пред да биде предоцна.
Сѐ уште нема изјава од Ватикан, но во неделата се очекува прес-конференција, на која ќе биде коментирана мерката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.