
Пред денешниот меч против Норвешка, капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, апелира на максимално менување на „чипот“ за разлика од мечот со Хрватска на кој Македонија покажа одредени лимити и доживеа двоцифрен пораз.
„Можеби немавме високо мислење за Норвежаните пред нивниот дуел со Полска, но тоа не значи дека тие ќе го достигнат истото ниво и против нас, ниту пак дека ние ќе одиграме така слабо како против Хрватска. Ние играме малку побавен ракомет од нив, со што правиме доста измени одбрана-напад. Тоа многу нѐ чинеше против една тркачка репрезентација како што е Хрватска. Треба да се биде паметен, максимално концентриран, фокусиран, грешките да ги намалиме, добро да ги анализираме Норвежаните и да им одговориме со соодветна тактика“, истакна Лазаров.
Македонија е првата селекција која ја прескокна првата фаза без победа, а сега во мечевите со Норвешка и со Белорусија ќе брка барем еден триумф на шампионатот во Полска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


