| четврток, 6 декември 2018 |

Какво време нѐ очекува во февруари?

Променливо време со температура над нулата е прогнозата што метеролозите ја даваат за следниот месец. По студениот јануари, во февруари нѐ очекува потопло и променливо време.

Во првата половина од месецот метеролозите прогнозираат утринска температура до -3 и дневна температура до десеттиот степен и претежно сончево време. Moжни се повремени врнежи од дожд во дневните и снег во ноќните часови.

За втората половина од месецот генерално нѐ очекува сончево време со малку повисока дневна температура, која ќе се искачи до 12 степени. И во овој период можно е повремена дестабилизација на времето.

Особено нестабилно време се очекува на крајот на месецот.  Температурата ќе бидат над нулата и речиси една недела во Скопје ќе имаме дожд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top