| четврток, 6 декември 2018 |

Молк од Спасовски по разоткривање на измислената афера со возачките дозволи

оли

Молк од техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски откако на дело беше разоткриен дека ја измислил аферата со наводните 70.000 фалсификувани возачки дозволи

Откако вчера весникот ДНЕВНИК целосно го разобличи Спасовски, техничкиот министер не се јави со никаков коментар во своја одбрана. Весникот вчера  објави допис од германската компанија “Веридос“, која ги изработува возачките дозволи во Македонија, во кој од компанијата му објаснуваат на Спасовски дека направиле една погрешна серија и грешката ќе ја исправат на свој трошок, а возачките дозволи ќе бидат уништени од нив.

Германците уште во декември му се извиниле на Спасовски и побарале возачките дозволи со грешни сериски броеви да бидат уништени и дека на трошок на фабриката ќе бидат печатени и испратени нови 70.000 обрасци. Уште повеќе, на 22 декември директорот на фирмата со цел лично да се извини за грешката со приватен лет пристигнал во Скопје, а Спасовски го прифатил извинувањето.

И покрај тоа што Спасовски знаел дека се работи за грешка, еден месец подоцна на 14 јануари на прес конференција тој соопшти дека во МВР се најдени дупли возачки кои власта ги злоупотребувала.Оваа изјава на Спасовски дојде во периодот кога Македонија ја тресеше скандалот со фабриката за афери на Захир Бекири Чауш во која беа пронајдени фалсификувани лични карти.

Дописот на „Веридос“ како реакција на неговата прес-конференција целосно ја разобличуваат измислената афера на Спасовски. Во истиот е нагласено дека неговите вработени уште на 15-ти декември навремено ја информирале германската фирма  за грешката.

veridos-1

-Вашите вработени навремено не` информираа на 15 декември 2015 година за овој проблем и откако извршивме внатрешна истрага, утврдивме дека грешката е предизвикана од наша страна и на 17 декември официјално се извинивме за неа и го информиравме министерството дека тие картички треба да бидат уништени на самото место. Ние лично се заложивме да ги замениме тие 70.000 возачки дозволи бесплатно со наредната планирана пратка. На 22 декември нашиот претставник допатува во Скопје со цел лично да се извини за грешката и ја понуди безусловната помош за с` што му било потребно на министерството за овој процес. Повторно ви се извинуваме за настанатото недоразбирање. Ви стоиме на располагање за каква било поддршка што ќе ви треба од нас, стои во дописот.

veridos-naslovna

За ваквкиот скандал вчера се огласи и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, според која Спасовски решил да измислува скандал со фалсификувани возачки за да ја засени огромната афера, во која и самиот е вмешан.

ВМРО ДПМНЕ го повика Спасовски, да одговори дали се точни наводите на медиумите дека тој бил информиран од германската компанија уште во декември, со целосно појаснување на случајот и дека од двете страни имало согласност дека не станува збор за криминал?

-Доколку овие наводи се точни, на медиумите, дека тој е фатен во лага, тогаш треба веднаш да излезе и да се извини за скандалот понесувајќи ја одговорноста. Најпрво, треба да им се извини на сите вработени во МВР кои неосновано ги обвинуваше. Потоа да им се извини на германските партнери чиј углед и репутација ги загрози со своите изјави, а пред се да им се извини на граѓаните затоа што преку урнисување на кредибилитетот на Министерството за внатрешни работи, го урива и нашиот кредибилитет, на Република Македонија, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, „Веридос“ е всушност заеднички покровител меѓу лидерите на пазарот за печатење документи и пари „Гизке и Девринт“ и „Бундесдрукерај“ во сопственост на германската влада. Оваа фирма печати дел и од еврата. Со македонската влада соработува од 2007 година. Во дописот се вели дека соработката меѓу германската фирма и македонското МВР била толку добра што фирмата го надградила македонскиот пасош со најмодерни карактеристики без никаков трошок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top