Жозе Мурињо не се откажува од можноста да ја преземе менаџерската функција во Манчестер Јунајтед, а тоа го покажува и фактот што решил да испрати писмо до раководството на клубот, објави „ЕСПН“.
Португалецот испратил писмо, односно шест страници на кои потенцирал колку ја посакува функцијата, но и целосна анализа на актуелниот тим, како и најава за одредени чекори кои би ги направил доколку го наследи Луи ван Гал.
Менаџерскиот тим на Мурињо и претходно имал контакт со првите луѓе на Манчестер Јунајтед, но договор не е постигнат затоа што дел од раководството не се согласува со опцијата за ангажирање на поранешниот менаџер на Челси кој со себе носи и одредени специфични ризици како што е неговото однесување со медиумите и официјалните лица, честите контроверзни изјави и практикувањето дефанзивен фудбал.
Но, тоа комплетно не го обесхрабрило Мурињо кој трпеливо ја чека својата шанса на „Олд Трафорд“, а истовремено се решил на чекор со кој ќе си ги зголеми шансите за овој ангажман, ако не веднаш, тогаш барем по крајот на сезоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.