| четврток, 6 декември 2018 |

Осуммина повредени од експлозија во Прилеп

prilep pp

Осум лица од Прилеп, од кои еден пожарникар се здобил со изгореници, се повредени и пренесени во болница, откако експлодирало шише со гас во стан на улицата “Будамаш” вечерва.
Според извори од болницата, повредените се надвор од животна опасност. И една постара жена добила изгореници, а останатите вдишиле чад и лекарите ги третираат во хирушкото и интерното одделение.
Според очевидци, детонацијата била силна и се чула на неколку стотина метри од станбениот објект. Додека пожарникарите интервенираат, граѓаните од комшиските станови кажуваат дека по татнежот биле шокирани и побегнали панично низ чадот по скалите.
Во очекување пожарникарите да ја завршат интервенцијата, ѕемнат надвор на минус десет степени и чекаат виза да си појадам дома, а ЕВН да им пушти електрична енергија.
Пожарникарите влегле во станот на вториот кат преку терасата со скали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top