30 едноставни начини како да ги промените работите за само 30 дена. Можеби нема да го најдете „вистинскиот“, но ви гарантираме дека по ова ќе научите нешто ново и дека ќе се чувствувате горди како сингл-девојка.
Ден 1: Заследете го на Инстаграм прекрасниот пријател на вашиот пријател.
Ден 2: Запишете кои карактеристики би сакале да ги има вашиот иден партнер.
Ден 3: Запишете ги карактеристиките коишто не сакате да ги има вашиот иден партнер.
Ден 4: Дотерајте се и направете прекрасна селфи фотографија.
Ден 5: Излезете на пијалак на места каде што никогаш не сте биле и не пропуштајте да запознаете потенцијален партнер.
Ден 6: Контактирајте со очи со некој (или секој) што го сметате за привлечен.
Ден 7: Симнете нова апликација за онлајн љубовни состаноци.
Ден 8: Дозволете ѝ на вашата пријателка да ви закаже состанок на слепо.
Ден 9: Дајте му го вашиот број на некој со кого само што сте се запознале.
Ден 10: Поминете откачена ноќ со друга ваша сингл пријателка.
Ден 11: Испланирајте вечерно излегување, а притоа охрабрете ги вашите пријателки да поканат луѓе коишто вие не ги познавате.
Ден 12: Посегнете по некој од минатото со којшто сте се сретнале во погрешно време.
Ден 13: Поканете на состанок некој којшто го знаете само преку социјалните мрежи.
Ден 14: Конечно блокирајте го или избришете го од пријатели бившиот со којшто не сте во добри односи.
Ден 15: Започнете разговор со некој непознат.
Ден 16: Излезете со пријателките во ноќен караоке бар и испејте моќна песна наменета за девојките.
Ден 17: Поминете цел ден без да ги користите социјалните мрежи.
Ден 18: Поминете колку што можете повеќе време без да му испратите порака на вашиот пријател со придобивки.
Ден 19: Исфрлете ги старите спомени од претходните љубовни врски.
Ден 20: Направете нешто смело во врска со денешниот изглед, па поминете го цел ден размислувајќи позитивно за себе.
Ден 21: Поминете ја вечерта сами со себе, вечерајќи и гледајќи го вашиот омилен филм.
Ден 22: Придружете се или започнете нов вид дружење, било тоа да е во клуб на читатели или пак, во некој спортски тим.
Ден 23: Купете си нова облека и зачувајте ја за состанокот околу кој ќе бидете навистина возбудени.
Ден 24: Одете на ручек со вашата пријателка и притоа обидете се да не зборувате за вашиот љубовен живот.
Ден 25: Направете нешто за себе, како на пример излезете со вашето куче или пак, читајте книга во парк.
Ден 26: Оставете додворувачки коментар на објавата на социјалните мрежи од вашата симпатија.
Ден 27: Создадете нови спомени на местото каде што имате носталгична поврзаност со вашето претходно момче.
Ден 28: Запалете свеќи, пуштете си релаксирачка музика и посегнете кон вашата бања.
Ден 29: Прашајте ги родителите или некој од вашите најблиски за љубовен совет.
Ден 30: Денес трудете се да се забавувате колку што можете повеќе и не грижете се за вашиот љубовен статус!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.