Стојанче Велинов, фудбалерот обвинет дека го наместил мечот Металург-Силекс ја призна вината и доби двегодишна условна затворска казна. Тој нема да оди во затвор доколку во следните пет години не го повтори прекршокот.
Според кумановското обвинителство, ниту еден од останатите местачи, а меѓу нив имало лица од Бугарија, не бил достапен на Судот, па Велинов го искористил законското право да го признае делото и да добие поблага пресуда.
Во мај Велинов примил поткуп од бугарската мафија за да врбува свои соиграчи и да влијае на конечниот резултат, односно Силекс да загуби од Металург. Работите тргнале на лошо откако не успеал планот на Велинов, па Силекс помалку неочекувано победи на гости со 3:1, во меч во кој квотата за „двојка“ беше над 10. Подоцна Бугарите побарале дел од парите назад, затоа што наводно загубиле 40.000 евра на конкретниот меч, пишува „Македонски спорт“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.