| четврток, 6 декември 2018 |

Вооружен напад во училиште во Канада, убиени пет лица

Вооружен напаѓач уби четири лица и повреди неколкумина, од кои двајца се во критична состојба, во средно училиште во гратчето Ла Лош, во канадската провинција Саскечуан, на околу 600 километри од градот Саскатун.

Пред да го изврши најголемото насилство кое е забележано во Канада во последните десет години, тој пукал во своите двајца браќа во нивниот дом.

Градоначалникот на Ла Лош, Кевин Жанвие изјави дека во нападот загинала и неговата 23-годишна ќерка.

Напаѓачот е уапсен, одземено му е огненото оружје, а мотивите за нападот засега се непознати.

Семејниот пријател Џо Лемегр изјавил дека осомничениот напаѓач, тинејџер, пукал во своите двајца помлади браќа пред да замине кон училиштето за да ги убие наставникот и неговата асистентка.

– Ова е страшен и трагичен ден и очевидно е кошмар за секој родител, изјави канадскиот премиер Џастин Тридо, кој се наоѓа во Давос каде учествува на Светскиот економски форум.

Масовните вооружени напади се многу ретка појава во Канада, каде законите за оружје се многу построги и од САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top