| четврток, 6 декември 2018 |

Кристин Легард сака уште еден мандат на чело на ММФ

lagardИзвршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Легард најави дека ќе се кандидира за уште еден мандат на оваа функција.

Нејзиниот сегашен мандат истекува на 5 јули, па процесот за кандидирање е отворен и ќе трае до средината на идната недела.

Британскиот министер за финансии Џорџ Изборн соопшти дека Владата на Велика Британија ќе ја подржи кандидатурата на Легард, изразувајќи задоволство од нејзината досегашна работа.

Поддршка таа веќе доби од Франција, Германија, Кина и Јужна Кореја.

Минатиот месец во Париз беше соопштено дека Легард е повикана на судење, откако беше осомничена за „небрежност“ при исплатата на една заостаната компензација на бизнисменот Бернар Тапи во 2008 година, додека таа беше министер за финансии во француската Влада.

Нејзините адвокати ја оценија како „неразбирлива“ поканата за судење и најавија дека Легард ќе поднесе жалба до судот.

Американките коментатори проценуваат дека и покрај оваа контроверза од пред седум години, Кристин Легард практично нема конкуренција за челната функција во ММФ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top