Оваа 2016 година ќе биде последна во која ќе биде модерно да се носи брада. Тоа го тврди Алун Вити, академик кој минатите три години ги мина во истражување на овој феномен, но и на влијанието на брадата низ историјата на Велика Британија.
Првично завршување трендот со брада и бркови беше предвиден за 2013 година, па потоа за 2014, но на двапати момчињата со брадата излегуваа како победници во таа битка. Но, Вити тврди дека 2016 година ќе биде пресудна за оваа дискутабилна мода кај мажите.
Вити наводно ги истражувал причините за пуштање брада низ историјата и со математичка анализа докажал дека крајот на овој тренд ќе се случи оваа година.
Во САД овој тренд е во опаѓање, а наскоро тоа ќе се прошири глобално, тврди Вити.
Хипстерската брада одбележа една генерација и стана еден начин на изразување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Рускиот патријарх порачува: Пуштајте брада за да не станете хомосексуалци!
-
Жените од цел свет слават: Ова е најдобрата вест за 2017 година
-
По дваесет години се избричил и потстрижал – сопругата не го препознала (Видео)
-
Исповед на девојката со брада: Сакав да се убијам, а денес шетам по модните писти