Иако наследничката на богатството што изнесува речиси еден милион долари, Марија Златиќ (86) живее во сиромаштво, во колиба на рид, во шума меѓу Бољевац и Зајечар, приказната врзана за пари добива детали на криминалистички роман.
Марија Анџелковиќ, нејзината познајничка, тврди дека неа бабата ја ангажирала пред пет години да се распраша за наследството што ѝ го оставил маж ѝ во Австралија откако починал во 2011 година. Кога конечно влегле во трага на адвокатската канцеларија што го воделе случајот и успеале на бабата Марија да ѝ обезбедат наследство, се случило нешто неочекувано.
– Сè беше договорено, очекував парите да пристигнат на адресата на Марија. Меѓутоа неа неколку денови ја немаше, а и не одговараше на моите повици, па се загрижив. Тогаш ги повикав Свето и Виолета, кои имаа договор со Марија да се грижат за неа. Стево со потсмев ме праша: Што ќе ти е бабата? Стигна таа кај нас, а пристигнаа и парите од Австралија.
– Се зачудив, бидејќи со бабата требаше официјално да ги подигнеме парите, но тој нашол некоја друга врска и тоа го завршил речиси преку ноќ. Утредената се појавија на мојата врата и јас сакав бабата да ја задржам кај себе, но тие речиси на сила ја одведоа – вели Анѓелковиќ, против која, како што вели, Свето поднел кривична пријава.
Свето С. од Бољевац тврди дека не ги зел сите пари за себе, туку дека ги чува, бидејќи има информација дека бабата не е единствен наследник на парите. Постои верзија дека Момчило има сестра што има син Сашо Златиќ и дека и тој се јавил како можен наследник. Според информациите, Свето.С. на сите начини се обидува да ги скрие информациите за наследството, кое пристигнало пред два месеца, а себеси неодамна се почестил со нов трактор, а ја реновирал и куќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејната традиција продолжува: Романка стана баба на 23 години, а сега и нејзиниот 8 годишен внук се свршил!
-
Бaба монструм: Ги возела внуците во кафез за кучиња, полицијата бесна од нејзиното објаснување (видео)
-
Баба од пеколот: Го ставила внукот како жив штит, за да не ѝ го урне инспекцијата ѕидот
-
Чудо од баба: Крева тегови подобро од внуците!