Вчера околу 13.30 часот во Гостивар на булeвар „Браќа Ѓиноски“ настанала вербална расправија помеѓу лицата Е.А. (70) од с.Топлица од една страна и Х.Р. (49) и Х.Б. (24), двајцата од с. Добридол, од друга страна.
Расправијата прераснала во меѓусебна тепачка, при што биле користени тврди предмети од двете страни.
При тепачката Е.А. се здобил со телесни повреди расекотини во пределот на главата, а Х.Р. се здобил со скршеница на десен лакт. Укажана им е лекарска помош во медицинскиот центар во Гостивар, по што се пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-Гостивар.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.