| четврток, 6 декември 2018 |

Лекари против лекари

doktori

Поголем број од лекарската фела не се согласува со барањето на Здружението на приватни лекари, кои бараат ординациите на концесионерите да им останат доживотно, пишува порталот „Здраство24“.

До редакцијата на порталот стигнало писмо од лекари кои пишуваат дека во никој случај лиценцата не може да биде на приватна здраствена установа. Сметаат дека ординациите не можат да бидат семеен бизнис како маалска продавница. Од причина што матичните склучуваат договор со Фондот за здраствено осигурување, а договор по закон не се наследува. Како второ, не може просторот што е изнајмен или добиен од државата како концесија да им остане во наследство. И како трето, не се согласуваат со матичните лекари што се споредуваат со приватни болници.

Вчера Здружението најави дека два члена од Законот за здравствена заштита ќе ги даде на Уставен суд. Законот е спорен бидејќи по заминување во пензија на лекарот, ординацијата се затвора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top