| четврток, 6 декември 2018 |

Филхармонијата од Колеџот „Густав Адолф“ гостува во Битола

Концертната сезона во Битола ќе ја отвори Филхармонијата од Колеџот „Густав Адолф“ од САД…

Директорот на Битолскиот центар за култура, Борче Димитровски денекса, 21 јануари, ја презентираше програмата за работа во 2016 година и проектите поддржани од Министерството за култура за кои е обезбедена поголема финансиска поддршка.

– Почетокот на новата година не може да биде поубав бидејќи на 30 јануари во Битола, на нашата сцена ќе гостува филхармонијата од Колеџот „Густав Адолф“ од САД. Овој настан го организираме заедно со Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола и со овој настан ја почнуваме концертната сезона, истакна Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура-Битола.

Музичко сценската дејност ќе доминира и во 2016 година, а камерниот оркестар ќе одржи четири концерти, нагласи Димитровски и најави посебна поддршка на младите и талентирани уметници од Битола.

– Ќе продолжи нашата континуирана соработка и поддршка на здруженијата на граѓани, а годинава на повисоко ниво ќе соработуваме со Друштвото на ликовните уметници од Битола. Ќе ја поддржуваме независната и непрофесионалната културна сцена, односно ќе помагаме секому, посочи Димитровски.

Според статитстичките податоци на НУ Центар за култура-Битола во текот на минатата година на разни манифестации во културниот простор на Центарот присуствувале над 150.000 посетители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top