| четврток, 6 декември 2018 |

Eдно лице загина во сообраќајна несреќа кај Велес

Едно лице загина во сообраќајна незгода која се случи на автопатот Скопје – Велес, веднаш после наплатната рампа кај Велес, кај местото викано Клисура, кога возачот од засега непознати причина изгубил контрола над возилото, јавува Канал 5.

Автомобилот излетал во провалија од десната страна на автопатот. Случајни минувачи го пријавиле настанот во велешката полиција попладнево околу 17 часот.

Екипи на СВР Велес и надлежен обвинител неколку часа вршеа увид на местото на несреќата.

Телото на возачот надлежните го забележале надвор од возилото. Во автомобилот со скопски регистерски ознаки немало други патници.

Увидот на надлежните треба да покаже кои се причините поради која се случи истата. Телото на возачот по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукција.

Извор: Канал 5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top