| четврток, 6 декември 2018 |

Бесплатен урбанистички план за општините за проектот „Купи куќа за млади“

Изработката на урбанистичките планови и локациите ќе бидат едни од најголемите предизвици кои со себе ќе ги донесе проектот „Купи куќа за млади до 35 години“, а се однесуваат на Министерството за транспорт и за општините.

kuka-tipska-dostapna-besplatniplanovi-01-600x365

Сепак, за да се надминат предизвиците, Министерството за транспорт и врски отвори јавен повик наменет за сите општини во Македонија.

-Затоа ние како Министерство распишавме јавен повик кој ќе трае до 01.02.2016 година а ако има потреба ќе го пролонгираме, а ќе биде отворен за сите општини да поднесат барање  ние да им изработиме директно по еден план за типски населби. Ова важи за сите општини кои треба да достават барање за нас а ние како Министерство ќе им изработиме планови во координација со нив  и сето тоа ќе биде на наш трошок, подвлече Мисајловски.

Мисајловски провлече дека доколку има потреба да се продолжи рокот ќе се направи тоа и ги повика градоначалниците на сите општини во Македонија да ја искористат оваа можност, да им биде направен по еден план на трошок на Министерството за финансии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top