| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се отворат канцеларии во општините за информации за проектот „Купи куќа за млади“

Во Министерството за финансии има отворено канцеларија каде што граѓаните можат да се информираат за околностите  и условите за аплицирање за проектот „Купи куќа за млади до 35 години. Организиран е и караван кој ќе ги посетува општините за да можат граѓаните да се запознаат подетално со овој проект.

Министерот за финансии, Зоран Ставрески, на денешната средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и градоначалниците, посветена на проектот „Купи куќа за млади до 35 години“, подвлече дека ова е одличен проект кој кај граѓаните побудил особен интерес, со оглед на тоа што се решава едно од најзначајните прашања, за младите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top