| четврток, 6 декември 2018 |

Мирсад Јонуз инвестира во Битола

Поареншниоот селектор на фудбалската репрезентација е сопственик на фабриката за пластична амбалажа, која наскоро ќе се гради

Мирсад Јонуз, поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија е сопственик н фирмата која ќе гради фабрика во Индустриската зона „Жабени“ во Битола.

Претставници на Општина Битола вчера го додели трето одобрение за градба во зоната, по германскиот инвеститор „Кромберг и Шуберт“ и млекарница „Велковски“. Во новата фабрика што ќе се гради во зоната ќе се произведува пластична амбалажа за прехранбената и хемиската индустрија.

Според плановите на инвеститорот, индустрискиот капацитет ќе почне со изградба напролет. Објектот ќе зафаќа површина од 4 илјади квадратни метри, а на почеток ќе обезбеди минимум 30 работни места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top