| четврток, 6 декември 2018 |

Минатата 2015 година е најтопла од почетокот на мерењето на температурата

сонце

Минатата 2015 година била убедливо најтопла година откако на крајот на 19 век почнала да се мери температурата, и го урна рекордот од 2014 година, објави Американската агенција за океан и атмосфера.

Просечната температура на копното и на морето во целата 2015 година била 0,9 Целзиусови степени над просекот за 20 век, што е најмногу од почетокот на мерењето на температурите во 1880 година. Претходниот рекорд е забележан во 2014 година и е надминат за 0,16 степени.

Во оваа рекордна година утврдено е дека декември бил најтоплиот месец во последните 136 години.

Од 12 месеци во 2015 година, десет месеци го надминале поединечниот температурен рекорд.

Ова воедно е четврти пат од почетокот на векот да биде срушен температурниот рекорд.

Најголеми темепратурни вредности досега се забележани насекаде низ светот. Во Средна Америка, во северната половина на Јужна Америка, на север, југ и исток на европскиот континент и во запдна Азија, но и во многу делови на Сибир.

Просечната темепратура на површината на копното во 2015 година била за 1,33 степени Целзиусови повеќе од просекот за 20 век, или најголема во периодот од 1880 до 2015 година, соборувајќи го претходниот рекорд за 0,25 степени забележан во 2007 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top