| четврток, 6 декември 2018 |

Работењето на Јанева ќе се анализира за една недела

katica-janeva-12

Советот на јавни обвинители требаше ја разгледува работата на специјалното јавно обвинителство, како и случајотсо несоставување записник при преземањето на материјалите од прислушуваните разговори, кои ги достави лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Иако закажана за денеска, седницата на Советот за јавни обвинители на која требаше да се разгледува работата на Специјалното јавно обвинителство и првиот човек Катица Јанева, таа утрово беше одложена.

Како што потврдуваат извори од Советот за „Телеграф“, седницата со истиот дневен ред е закажана за среда, 27 јануари. Денешното одложување, неофицијално, е бидејќи претседателот на Советот, Петар Аневски, се разболел.

Советот на јавни обвинители требаше да ја разгледува работата на специјалното јавно обвинителство, како и
случајот со несоставување записник при преземањето на материјалите од прислушуваните разговори, кои ги
достави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Заев на 30 декември минатата година до специјалното обвинителство достави повеќе кутии со материјали во кои се содржани прислушуваните разговори, меѓу кои, како што истакна, и случајот „Монструм“, за кој јавно не беа објавени разговорите.

Специјалното јавно обвинителство неколкупати претходно ги повика СДСМ и неговиот лидер, како и сите иматели на информации од интерес за ова обвинителство, да им бидат предадени материјалите. При предавањето на материјалите, Заев истакна дека доцни со доставувањето бидејќи сметал дека не постојат услови за нивно безбедно чување, што конечно било овозможено.

Минатата недела специјалната јавна обвинителка Катица Јанева преку соопштение истакна дека целокупното постапување на ова јавно обвинителство е во согласност со законските прописи.

– Околноста што не е сочинет записник во моментот на самото предавање на материјалите не е пропуст во смисла на законските одредби. Појаснуваме дека се работи за материјал предаден по барање на јавниот обвинител, чија содржина е од сензитивен карактер и како таква подлежи на дополнителни проверки, класификација и постапување, а имајќи ги предвид законските одредби со кои се регулира класификацијата на информациите и заштитата на приватноста – стоеше во соопштението на Јанева.

Поради сето наведено, во овој момент не сме во можност да соопштиме повеќе податоци за примените
материјали, но ја уверуваме јавноста дека ќе биде информирана за сите детали поврзани за примените материјали во моментот кога нема да постојат законски пречки за такво постапување, додаваат од специјалното јавно обвинителство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top