| четврток, 6 декември 2018 |

Червар: Македонија не е само Кире

Тренерот на Металург, хрватскиот стратег Лино Червар, ги предупреди репрезентативците на неговата земја дека ако мислат дека натпреварот со Македонија ќе биде прошетка, се излажале.

– Со години го водев Металург и во неколку сезони успеав од просечен тим да ги трансформирам во најдобар тим во Источна Европа –  вели Червар.

Червар вели дека поголемиот дел од македонците репрезентативци се негови играчи, кои денеска созреаа и се многу незгодна екипа.

– Играат различен ракомет од нас, ги краси војничка дисциплина и фанатична борбеност. Тактички стојат одлично, истренирани се до перфекција, на нив нема да им паѓаат топки од раце како на Исланѓаните и нема да ги добиеме во првите 15 минути. Против Македонија ќе треба да крваво да работиме 60 минути и постепено да ја градиме победата. Освен Кире немаат ниту една екстра ѕвезда, но имаат тим. Македонија по петти пат во низа се пласираше на големо натпреварување. Мислам дека тоа доволно говори за нивниот квалитет – вели Червар во анализата за хрватски „Индекс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top