| четврток, 6 декември 2018 |

Ристовски: Одигравме три тешки натпревари, но одиме на победа

Македонската ракометна репрезентација ги продолжува натпреварите на Европското првенство во Полска.

FYR of Macedonia vs Czech Republic

Нашите ракометари немаа трансфер во нов град и нова сала затоа вечерва тренираа во помошната сала во Краков. За разлика од нас, нашиот утрешен ривал Хрватска имаше „запознавање“ со „Таурон Арена“ во Краков. Двете селекции кои ќе играат утре меѓусебе тренираа во исто време, во две сали.

Пријатна атмосфера по обезбедениот втор круг беше забележлива на тренингот на македонската репрезентација.

– Одигравме три тешки изедначени натпревари. Важно беше да се помине првиот круг. Во вториот круг ќе имаме можеби нешто полесни натпревари и ќе имаме нешто психички полесни ривали, а по дуелот со Хрватска ќе имаме и четири слободни дена и да се одмориме подобро. Хрватска со која игравме во Катар беше посилна, но сепак тоа е квалитена репрезентација. Ние ќе одиме на победа и на утрешниот натпревар, изјави голманот Борко Ристовски.

Дуелот Македонија – Хрватска утре е втор на програмата во Краков и почнува од 20:30 часот, а претходно ќе играат Франција и Белорусија од 18:15 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top