Познатиот американски актер Рајан Гослинг (35) изјави дека најголем успех во животот е што има среќно семејство.
Иако со Ева Мендес (41) во врска е четири години и ја имаат 16 – месечната ќерка Есмералда, се уште не размислува за венчавка, а ниту второ дете не му е приоритет.
– Се во свое време. Научив да уживам во она што моментално го имам. Мислам дека сум добар татко, а кога покрај себе имам жена како Ева, се е полесно. Па татковството не е нуклеарна физика, вели Гослинг, кој секоја година е на холивудската листа на најсекси мажи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.