| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се градат 18 фитнес зони ширум Македонија

фитнес

Во 18 градови ширум Македонија ќе се градат фитнес зони.

Ова е еден од петте проекти наменети за младите луѓе кои денес го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Соодветни и модерни фитнес направи ќе бидат поставени во градските паркови на отворено.

Од овие проекти бенефит пред се ќе имаат младите луѓе, но и заинтересираните од сите генерации.

Oвој важен проект за младите ќе се спроведе преку Агенцијата за млади и спорт во соработка со општините.

Груевски потенцира дека проектот ќе започне да се реализира од октомври 2016-та година, а до тогаш ќе се реализираат подготвителните работи за набавка за справите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top