Уште еден проект презентираше денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, наменет за студентите сместени во студентските домови.
Станува збор за проектот за изградба на перални и сушални во државните студентски домови.
-Низ нашата комуникација со студентите се судривме со овој значаен проблем кој ни беше посочен од нивна страна и кој можеби целокупната јавност и не е току приоритетен. Но, за над 6500 студенти во домовите значи проблем за нивно функционирање но и финансиски товар за нивните буџети. Во насока на задоволување на потребите на студентите сместени во студентските домови,и зголемување на студентскиот стандард, ВМРО-ДПМНЕ следејќи ги најновите позитивни искуства применувани во студентските домови во повеќе европски држави, се реши да ги опреми со нови перални и сушални сите 10 постоечки студентски домови во Македонија – истакна Груевски.
Станува збор за 5-те државни студентски домови во Скопје, државниот студентски дом во Битола, Охрид, Штип, Прилеп и Пробиштип.
-Вкупно за сите студентски државни домови се предвидени 50 машини за перење и 50 машини за сушење, распоредени во зависност на бројот на студентите во секој од нив. Со ова ќе се надмине еден реален и долгогодишен проблем на студентите сместени во државните студентски домови и ова ќе биде задоволување на уште едно барање на студентите – додаде тој.
Проектот ќе се спроведува преку Министерството за образование и наука, а почетокот на реализација ќе биде од јануари 2017 година, а до тогаш ќе се одвиваат подготвителните активности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
И покрај политичката криза, проектите за младите се реализираат
-
Ќе се градат студентски домови, градинки, Универзитет – образованието и најмалите се приоритет
-
Спасов: Отворени 21 приватни старски домови со 650 легла и нови 285 работни места
-
Поддршката продолжува – поволности за отворање приватни старски домови