| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се градат студентски домови, градинки, Универзитет – образованието и најмалите се приоритет

dom

-Предвидуваме отворање на 22 нови детски градинки проширување на 10 детски градинки, во други просторни услови на територијата на Град Скопје, со што ќе го зголемиме опфатот за преку 6000 деца- најави лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.

Тој најави градење на нови студентски домови, универизети.
-Ќе изградиме два нови студентски домови во Скопје, Студентските домови ќе бидат со капацитет од 300 до 500 легла. Ќе се доврши започнатата реконструкција на студентскиот дом „Гоце Делчев. Ќе се доизградат новите објекти за потребите на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство и Факултетот за физичка култура, ќе изградиме нови современи објекти за Универзитет „Дамјан Груев“ и посебен за неговиот медицински факултет како и нов објект за Универзитет „Мајка Тереза“ и повторно ќе ја изградиме старата учителска школа за потребите на високото образование – додаде Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top