| четврток, 6 декември 2018 |

Нови случаи на заразени со ХИВ во Скопје и Струмица

Кај двајца струмичани и двајца скопјани минатиот месец била потврдена инфекција со ХИВ. Сите се од машки пол од кои тројца се на возраст од 20 до 29 години, а еден е повозрасен над 40 години. Со оваа бројка, 2015 заврши со 31 случај на ХИВ-СИДА. Освен во Струмица и Скопје, заразени има и во Кочани, Штип, Кавадарци, Тетово и во Прилеп.

На крајот од минатата година, лекарите излегоа со податоци дека е во подем ширењето на инфекцијата кај мажи кои имаат секс со мажи. Лани 14 лица се заразиле по хомосексуален пат, а петмина се бисексуалци. Меѓу нив има и студенти.

Од 1987 година, кога беше регистриран првиот заболен, досега во Институтот за јавно здравје регистрирале 274 случаи. 80 од нив се починати, а 77 проценти се на антиретровирусна терапија. Целта на надлежните институции е до 2020 година лекови да добиваат 90 отсто од заразените.

За оваа година програмата на Министерството за здравство за превенција од ХИВ-СИДА ќе биде 45 милиони денари, или двојно повеќе од лани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top