| четврток, 6 декември 2018 |

„Сликозбор“ Апликација на македонски за децата со попреченост во говорот

slikozbor2Инвентивноста на 13 годишниот Даријан Шекеров во информатиката повторно е во центарот на збиднувањта во Македонија.
Ја создаде првата македонска апликација „Сликозбор“ наменета за помош на децата со попреченост во говорот, оние со аутистичен спектар (аутизам) и за лицата без моќ на говор во секојдневната комуникација со блиските во семејството и надвор во околината.
Апликацијата е создадена во соработка со здруженијата во кои членуваат лицата со попреченост во говорот, и кои велат дека оваа апликација претставува големо олеснување во комуникацијата.
seeu prezentacija 3 22Даријан Шекеров е ученик во ООУ „11-ти Октомври“ во Скопје, а познат е по тоа што во информатичките науки се натпреваруваше со средношколците и често освојува и награди во конкуренција со многу повозрасни од него.
Ова не е негова прва апликација за Андроид. Талентот на Дарјан е неоспорен, за него се заинтересирале и професорите на ФИНКИ, како и од други институции. Тој беше најмладиот учесник на презентациитe од областа на информатиката пред студентите на ФИНКИ и студентите на Универзитетот на југоисточна Европа.
Апликацијата „Sliko zbor“ може бесплатно да се симне од „Play Store“.
sliko zborТоа што сега се споделува на социјалните мрежи е апелот од луѓето кои секојдневно се среќаваат со попреченост во говорот, да се исполни нормата на Плејстор, за да може апликацијата да остане и натаму достапна за симнување. Односно, оваа апликација да се „симне“ што е можо од поголем  број корисници во рок од 24 часа, за да може да остане достапна и за натамошни надградби. За оние кои немаат потреба од неа, може потоа слободно да ја избришат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top