Не знаела еден факт.
Сигурно понекогаш посакувате да ги казнувате луѓето кои ве означуваат (тагираат) на Фејсбук. И тоа поради најразлични глупости. Како ви звучи затворска казна? Мислите ли дека е адекватна?
Токму тоа ја снајде Њујорчанката Марија Гонзалес која ќе мора да помине година дена зад решетките бидејќи на Фејсбук ја означила својата поранешна золва Марибел Калдерон. Таа има судска забрана да контактира со Марибел, а не знаеле дека тука се вклучени и Фејсбук контактите.
Во спорниот пост таа ја нарекла „грев и мизерија“ , пренесуваат американските медиуми.
Пораката гласела: „Ти и твоето семејство сте тежок грев и мизерија. Морате да се обидете тоа да го смените. Но мислам дека тоа никако не го планирате. Јас сум далеку подобра од сите вас и сум над вас“.
Тамошниот суд ја отфрлил жалбата на Марија дека забрана на контактите не подразбира и Фејсбук комуникација. Тие наведуваат дека законот предвидува забарана за контактирање по било кој пат вклучувајќи и електронска комуникација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.