| четврток, 6 декември 2018 |

Осудена на година дена затвор зошто ја означила золвата на Фејсбук

Не знаела еден факт.

OperationCrossCountry8_01

Сигурно понекогаш посакувате да ги казнувате луѓето кои ве означуваат (тагираат) на Фејсбук. И тоа поради најразлични глупости. Како ви звучи затворска казна? Мислите ли дека е адекватна?

Токму тоа ја  снајде Њујорчанката  Марија Гонзалес која ќе мора да помине година дена зад решетките  бидејќи на Фејсбук ја означила својата поранешна золва Марибел Калдерон. Таа има судска забрана да контактира со Марибел, а не знаеле дека тука се вклучени и Фејсбук контактите.

Во спорниот пост таа ја нарекла „грев и мизерија“ , пренесуваат американските медиуми.

Пораката гласела: „Ти и твоето семејство сте тежок грев и мизерија. Морате да се обидете тоа да го смените. Но мислам дека тоа никако не го планирате. Јас сум далеку подобра од сите вас и сум над вас“.

facebook-jail2__869x576

Тамошниот суд ја отфрлил жалбата на Марија дека забрана на контактите не подразбира и Фејсбук комуникација. Тие наведуваат дека законот предвидува забарана за контактирање  по било кој пат вклучувајќи и електронска комуникација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top