Ова беше потежок натпревар од првите два, оцени Филип Миркуловски по изедначениот резултат 27:27 против Србија во последното коло во групата, со што сепак, заради подобрата гол разлика се обезбеди понатамошно учество на ракометното првенство во Полска.
-Се играше гол за гол. Ние сме таква репрезентација, можеме од сите да изгубиме, но и да ги победиме- порача Филип Миркуловски по исцрпувачкиот меч со Србија.
Манасков го реши натпреварот со гол буквално во последната секунда.
-Минатото првенство имав пехови, го утнав последниот гол против Германија, а сега го решив натпреварот- се потсетува Манасков.
-Среќен сум за тоа, ќе беше штета Македонија да го загубеше и овој меч- оцени Дејан Манасков по мечот.
Борко Ристовски, репрезентативниот голман посочи на заморот и притисокот за овој натпревар.
– Не одигравме како претходните два, заморот и притисокот беа фактор. Добро е и нас малку среќа да не послужи- оцени Ристовски.
За она што следи, тој вели „Да се одмориме, се гледа дека сме исцрпени“.
Кире Лазаров пак не се сложува дека македонскитте репрезентативци не одиграле добро.
– Знаевме дека не чека одлучувачки меч. Не се сложувам дека не одигравме добро, Србите беа многу добро подготвени. Ова беше тежок меч, не можеш на ваков натпревар да победиш со 4, 5 голови разлика- оцени Лазаров кој посочи дека ова е првата цел, и дека понатаму „можеме и мораме уште подобро“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.