| четврток, 6 декември 2018 |

Голем пожар во Скопје – повредени седуммина, меѓу кои и три деца

Седум лица, меѓу кои три деца, се повредени во пожар кој околу 2 часот по полноќ избувнал во стан на улицата „Џон Кенеди“ во Скопје.

Сопственикот на станот, 31-годишниот Х.Ф. се здобил со изгореници од втор и трет степен на двете раце и лицето и е задржан во Ургентен центар-пластична хирургија.

Во пожарот се повредени и И.Ф.(66), Р.Ф.(35) и С.М.(20), кои се задржани во Ургентен центар-токсикологија, како и три деца на возраст 11, 7 и една година кои се задржани во Ургентен центар– педијатрија.

Пожарот е локализиран, а увидот кој треба да ги утврди причините за настанување на истиот, ќе се врши денес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top