| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во Куманово:Настапот на Николија прекинат поради бомба

ни

Ќерката на Весна Змијанац, Николија Јовановиќ, неодамна доживеала голема непријатност кога во еден кафе бар во центарот на Куманово нејзиниот настап бил прекинат поради дојава на бомба.

Пред Николија да излезе на бина, вработените добиле анонимен телефонски повик дека е поставена експлозивна направа, поради што обезбедувањето го испразнило објектот. Меѓутоа по полициската истрага се испоставило дека во прашање е лажна дојава.

-Пејачката многу се потресе. Македонците и се извинувале поради ситуацијата, но на Николија најважно и било што се добро се завршило- пишува српски Курир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top